
Жаклина Лазаревска, пратеничка во Парламентот на РСМ.
Почитуван медиум благодарам на внимението кое ми го посветувате денес кога го славам мојот роденден. Родендените ги доживувам како чин на воспев на животот, како момент на вистината која покажува дека постоиме, живееме, мечтаеме, посакуваме… Не случајно дувањето на роденденската свеќа се поврзува со замислена желба. Мојата желба е здравје , љубов, почитување , мир и повторно в година да славам опкружена со најсаканите. Ќе завршам со цитат на големиот Меша Селимовиќ: „Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“.
Публицитет.мк







