Зоран Ќосески, долгогодишен македонски активист и почесен македонски конзул во Перт – Австралија.
Родендените се посебно време од годината ете си викам дојде и мојот роденден како и секоја година така и оваа година токму на македонскиот национален празник 11 Октомври симбол на најуспешното востание на македонскиот народ во историјата. Родендените ме потсетуваат дека старееме, но тие исто така симболизираат колку далеку сме стигнале и се развиле како поединци.
Роденденот ме потсетува дека животот се менува и што значи дека и јас исто така се менувам како личност.
Секој роденден му дава можност на секој човек да одвој време за да го оцени својот живот и да направи промени таму каде што ќе се појави потреба.
Моменталната ситуација со корона вирусот во светот е навремено потсетување дека живееме во глобално село каде што сите луѓе имаат исти потреби и желби како глобалните граѓани.
Како Македонец во Австралија сум горд на своето наследство и ги промовирам македонските културни и економски интереси.
Публицитет.мк