Зоран Тодоровски, фолклорист, кореограф, организатор на културни настани, конструктор, менаџер за организација на работа. Работел во Балкански фестивал за народни игри и песни, АНИП Бисери, КУД Филиграни, КУД Гердан, АНИП Инекс Горица, РКУД Херој Тоза Драговиќ, КУД Коцо Рацин… Сега раководител во ДАСС Охрид.
Родендените за мене се доживувања, спомени, искуства и сеќавања на мојот севкупен живот, радоста од успешно завршената работа, во минатото, посветеност и среќа со моите најблиски во сегашноста. Тоа ми е и поттик за создавање во иднина. Оваа година роденденот ќе го поминам со моите најблиски: сопругата, ќерките, зетовите, синот, снаата и внуците: Филип, Александр, Мартин и Јован. На сите мои роднини, пријатели, соработници, познаници им благодарам за честитките и убавите желби. Бидете ми здрави, живи, среќни и весели заедно со своите најсакани.
Публицитет.мк