Ване Петкоски, Охрид – ИН продукција.
Најпрво благодарност до редакцијата на Публицитет,искрено ме изненадивте со вашата рубрика, која е за поздравување. Иако ми е роденден денес ќе бидам ангажиран работно, бидејќи мојата работа не бира ни празници ни родендени.
Денес ќе снимаме спот за еден од најбараните и најдобрите македонски пејачи Ѓоко Јович,но овојпат на наш терен низ Охридско,со нас е и Владо Дојчиноски актерот во чија режија ќе е и спотот.
Па после тоа, роденденот ќе го прославам во домашна атмосфера со моето семејство.
Публицитет.мк