Д-р Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор и Проректор.
Секогаш треба да се надмине стравот од неуспех и кога еднаш ќе сфатите дека можете да учите од своите грешки, нема да се плашите да преземете ризици е моето животно мото. Најважно е да се има под контрола својот живот и распоред. Треба да се биде упорен и истраен. Секогаш посветен на најблиските. Изворот на мојата енергија е ќерка ми Ана, постојан советник жена ми Габи, мотив непријателите, поттик за професијата студентите. Годините те учат да знаеш да станеш кога ќе паднеш, зошто секогаш има падови, но и скокови во животот, зошто сепак Животот е убав. Секогаш треба да се има нешто конкретно што треба да го остварите секој ден. Потребна е одлучност и храброст за да се направат нештата кои другите ги сметаат за невозможни. Треба да се развие својот порив преку фокусирање на идниот успех. Никогаш не треба да си легнеш навечер без да си научил барем едно ново тој ден.
Публицитет.мк