Виолета Хаџи – Скерлева – ВХС, некогаш новинар, сега сеирџија.
НОВА РОДЕНДЕНСКА ПРИКАЗНА…ПОЧЕТОК
Сѐ уште ми е роденден. Малку задоцнет… ама и Публицитетот доцнеше годинава. Инаку, роденденот е ден за слобода, ден кога почнува вториот живот – кога сфаќаш дека имаш само еден живот!!! И ако за нешто сум му благодарна на животецов, тоа е – што навреме си ја освоив (или можеби некој тоа од горе ми ја подари) сопствената слобода: да си го живеам сопствениот сон, да си ги пронајдам “своите“ луѓе… и да оставам некој друг да го спасува светот. Од мене толку, сега останува само да си ги чувам волшебните спомени – екрановски, валандовски, фестивалски, новинарски и сите други големи СКИ… Јас знам кои се, знаат и тие, та сега само тивко, во осама, си се довикуваме. Од роденден на роденден… и секој ден. И така да ни е најлошо, најмои!!!
Публицитет.мк