• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Денеска е Бадник-предвесник на најголемиот христијански празник -Божиќ

јануари 6, 2020
in Актуелно
Денеска е Бадник-предвесник на најголемиот христијански празник -Божиќ

Денес е Бадник или Коледе, денот предвесник на најголемиот христијански празник-Божиќ.

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Дел од традицијата е внесувањето на бадниковото гранче во домот, како и богатата посна трпеза, која според обичаите, не се раскренува и се остава да преноќи бидејќи се верува дека Господ ќе дојде на вечера.

Со старата коледарска песна „Вечниот бог”, младите бадникарчиња во Охрид денеска по седми пат ќе ја објават  радосната вест за раѓањето на Исус. Радосната вест ќе ја најават и коледарчињата одејќи од врата на врата кај своите сограѓани.

Публицитет.мк

Посетеност: 88
Share
Previous Post

По седми пат Бадникова поворка во Охрид

Next Post

Денес им е роденден: Рубин Митевски

Next Post
Денес им е роденден: Рубин Митевски

Денес им е роденден: Рубин Митевски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk