
Утре во организација на Здружението за грижи и воспитување на децата од Охрид по седми пат ќе се одржи Бадникова поворка за Христовото раѓање.
Во поворката ќе учествуваат околу 600 деца пријавени доброволно, од претшколска возраст до 9 одделение.
Поворката ќе се формира и ќе тргне од храмот Св. Георгиј во 11.00 ч, пеејќи ја песната Вечниот Бог и ќе помине по улиците „Јане Сандански“, бул. Туристичка, кружен тек кај Охридска Банка и бул. Македонски просветители, по чаршијата до градскиот плоштад каде што е поставена голема пештера – симбол на витлеемската пештера во која е роден Исус Христос.

Тука поворката ќе биде пречекана од градоначалниците на Охрид и Дебрца, градските советници и граѓани, помеѓу 12.15 ч. – 12.30 ч., кои ќе ги даруваат учесниците со пакетчиња.
Публицитет.мк






