• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Денеска е Светски ден за едукација за заштита на животната средина

јануари 26, 2021
in Занимливости
Денеска е Светски ден за едукација за заштита на животната средина

Еколошката едукација ја создава платформата која ги зголемува знаењето и свеста за животната средина околу нас. Ова е неопходно за заштитата на животната средина, затоа што само знаењето за биодиверзитетот и другите значајни природни карактеристики, ќе обезбедат основа за соодветно однесување за заштита на природата, велат од НП Галичица по повод 26 јануари, Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина.

-Само врз ваква основа може да се подигне јавната свест за проблемите поврзани со урбанизацијата, цврстиот отпад, шумските пожари, загадувањето на водата и воздухот, неконтролираното собирање на недрвни шумски производи и други природни ресурси, што се одразува врз природните вредности на Паркот и животната средина во целина, велат од паркот.

Еколошката едукација обезбедува платформа за остварување на позитивни искуства со природата и нејзината заштита. Според тоа еколошката едукација обезбедува емотивна и научна основа потребна за развивање на одговорно однесување за заштита на природата.

-Да размислиме за генерациите, да им кажеме дека светот во којшто живееме, сакаме и можеме да го направиме подобро место за нашите деца, за децата на нашите деца и да им кажеме дека тие можат да го направат подобро место за сите нас, апелираат од НП Галичица.

Извор:НП Галичица

Посетеност: 68
Share
Previous Post

Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

Next Post

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино-репертоарот во Охрид

Next Post
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино-репертоарот во Охрид

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино-репертоарот во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 68

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk