Денеска во организација на Атлетски Клуб „Охрид“ и Атлетска Федерација на Македонија со почеток во 12 часот на СРЦ Билјанини Извори ќе се одржи Прв Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг „Влатко Димитров“ посветен на нашиот сограѓанин,професор и голем спортски работник професорот Влатко Димитров.
-Влатко поголемиот дел од својот животен век несебично и го подари на атлетиката во градов и државава,постигна многу успеси со кој не направи сите нас горди,му донесе многу признанија на Атлетски Клуб,многу пати беше прогласуван за најдобар атлетски тренер во градот и државата,неговите атлетичари и ден денес држат доста рекорди на Македонија,беше добитник на Свети Климентова награда и уште многу, многу други признанија.Ве поканувам сите заедно да му оддадеме почит и барем малку да му возвратиме за постигнатите успеси.Натпреварот благодарение на Стојан Стојаноски ќе се снима во живо,а трибините на стадионот Билјанини Извори се обновени па повелете што помасовно да му изразиме едно Големо БЛАГОДАРАМ на проф. Влатко Димитров, напиша на својот фејсбук профил претседателот на АК „Охрид“ Пецо Неданов.
ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АТЛЕТСКИОТ МИТИНГ ВО ЖИВО – 2С СТУДИО -СТОЈАН СТОЈАНОВСКИ
Публицитет.мк