• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Десет години за ЗГ „Опција“ со желба да се активни и во наредните десет

октомври 9, 2015
in Аргументи за

Здружението „Опција“ од Охрид во 2005 година  активно почна да работи  на реализација  на   проектот ,,Одржување ниска ХИВ преваленца во РМ“ финансиран од „Глобал Фонд-Женева“ а под супервизија на Министерство за здравство на РМ. Годинава „Опција “ прославува 10 години од успешно спроведени активности, а со тоа и од постоењето.

timot na opcija

Она што го работиме и постигнуваме не е за потценување. Јавноста одамна е на наша страна, но гласноста се трудиме да ни е поголема, во интерес на општеството.

Само во евиденција на ЗГ „Опција“ од  Охрид, евидентирани се вкупно 400 корисници на дрога кои ја инјектираат, како и 210 сексуални работници од Охрид и Струга, но и од други градови во Македонија.

flaeri

По повод нашиот јубилеј, би сакале јавноста уште еднаш да дознае за дел од активностите кои ги спроведува тимот на „Опција“:

-Промоција и унапредување на правата на корисниците на дрога и сексуалните работници и нивните семејства со цел подобрување на нивниот здравствен, социјален и економски статус преку:

 -овозможување бесплатни сервиси,

 -зајакнување на заедницата,

– подигање на капацитетите на професионалците кои работет со оваа маргинализирана група,

-дистрибуција на бесплатни кондоми и лубриканти;

– дистрибуција на стерилна опрема за инјектирање на клиенти кои употребуваат дрога

kondomi

– дистрибуција на печатени материјали со едукативна содржина 
– давање совети и информации за безбеден секс и безбедно однесување (превенција од ХИВ/СИДА, Хепатит Б и Ц, СПИ, контрацепција, правилна употреба на кондом и сл, штетни последици од употреба на дрога);
 – работиме на ширење на мрежата на контакти на локално и национално ниво;

– на групи за само-помош на терен

– 1 во месецот организираме бесплатно теренско тестирaње

HIV/SIDA и Hepatitis C

– 1 месечно организираме бесплатна теренска гинеколошка амбуланта

–         редовно спроведуваме теренски акции за собирање на искористена опрема за инјектирање

–         ги препраќаме корисниците на дрога и им помагаме во процедурата при добивање Pegazus третман

–         Одржуваме редовни едукативни предавања со корисниците на дрога, но по потреба и со СВР Охрид, Малолетнички затвор во Охрид и во ЈУ Затвор „Тефериџ“ Струга, Пожарна Охрид и Струга и со ред други кои ќе покажат интерес за ова.

–         ЗГ „Опција“ Охрид, успешно се вмрежува и соработува со поголем број на владини и невладини институции: Црвен крст, СВР- Охрид, Локална самоуправа – Охрид, Центар за јавно здравје, Пожарна Охрид и Струга, Центар за социјални работи Охрид, Малолетнички затвор – Охрид и Затвор „Тефериџ“ Струга, Центар за ресоцијализација и Метадонски центар Охрид, ХОПС-Скопје, ROCHE-Скопје и други.

opcija 2

Патот ни малку не беше послан со рози, напротив нашите стручни лица го освојуваа теренот чекор по чектор. Секој успех надвор од нашата канцеларија ни носеше и ни носи радост и задоволство дека сме успеале некому да помогнеме ,а често и да го вратиме од лошиот пат.

ЗГ „Опција“ Охрид моментално партиципира во Советодавна група на граѓани-СВР – Охрид и Локален совет на млади при Општина Охрид.

plakat

Целта ни е, како тим да го сензивитизираме населението дека дрогата (и сите последици кои ги носи таа) е проблем на целото општество а не само на зависниците, да ја подигнеме свеста на населението и на сите релеватни владини/невладини институции за посериозно вмрежување и соработка со цел поквалитетна помош на лицата кои имаат потреба од нас, и  како тим да продолжиме со спроведување на активностите на програмите за намалување на штети од употреба на дрога и програми за поддршка на сексуални работници  и по 2016 год. Тоа беше основата цел и повод за состанокот кој се одржа на 8 октомври во Општина Охрид со донесувачите  на одлуки на локално ниво,  каде што дискутираваме за поддршка и финансика помош од страна на локалната самоуправа; Министерство за труд и социјална политика; Минстерство за здравство на РМ  после 2016 год односно по заминувањето на единствениот донатор на овие програми „Глобал Фонд-Женева“. Потенциравме дека е важно да  продолжиме со опстојување и  после 2016 година не само поради доброто на клиентите со кои работиме, туку поради доброто и на општата популација во Охрид и Струга. Се надеваме дека Министерствата и локалната самоуправа ќе имаат слух за продолжување на овие хумани политики и дека нема и нас да ни се случи она што се случи во Романија и Грција – после затворањето  на овие програми  стапката на лица заболени од ХИВ во една година да порасне енормно На пример во Романија за период од 2011-2012 година заболеа 362 лица од ХИВ вирусот).

Аргументите да продолжиме и опстоиме како здружение се на наша страна.

Јулијана Настоска, социјален работник во ЗГ „Опција“ – Охрид

Посетеност: 125
Share
Previous Post

МОЈОТ ЖИВОТ,МОЈОТ СВЕТ: ВЛАДО ПУПИНОСКИ

Next Post

СДСМ – Охрид – Вечерва трибина за проектот „Визијата за Македонија“

Next Post

СДСМ - Охрид - Вечерва трибина за проектот „Визијата за Македонија“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk