Театарската група при Црвен крст од Охрид со претстaвата „Деспина ќе ја грабиме, никој да не знае“ вечерва гостува во Ужице – Република Србија.
Овој проект премиерата ја имаше на вториот Интернационален аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во Охрид, токму во организација на волонтерите од Црвен крст.
Театарската група и фестивалот го раководат Весна Тeрзиоска и Маре Ристеска а во него членуваат деца и млади вљубеници во театарската игра.
Публицитет.мк