Од ФБ профилот на колегата Киро Кипровски од Гостивар го презедовме линкот до документарниот филм за Галичник.
Галичник – Документарен филм (1940) Galichnik (без звук)
Содржина: Филмот е снимен во лето кога печалбарите се враќаат во своето родно место. На почетокот на филмот се претставени природните убавини на Галичник. Низ сите кадри е присутна раздвиженоста на селаните облечени во народни носии. Во продолжение се снимени обичаите на една Галичка свадба. Карактеристично за Галичката свадба е тоа што таа традиционално се одржува еднаш во годината, секогаш на Петровден. Следуваат кадри во кои дефилираат невестата и младоженецот во народни носии опкружени со многубрен народ, низ кои се прикажуваат традиционалните галички свадбени обичаи.
Автори:
Снимател: Миладинов Сифрид
Извор: youtube.com