Шоканто видео се појави на Јутјуб каде се гледа како мало дете стои на работ на прозорецот на осмиот кат.
Доволно е детето само да се сопне и може да заврши трагично. Неговите родители што слободно може да се каже дека се најлошите родители во светот, никаде ги нема.
Инцидентот се случил во градот Мијас во регионот Челијабинск во Русија, според информации од социјалните мрежи.
Детето стои на прозорецот без страв и гледа кон земјата додека опасно се тетерави. Во еден момент изгледа дека ќе падне, но за среќа останува на нозе и одлучува да се врати внатре.
Инцидентот е забележан од жителите од соседните згради, кои веднаш викнале полиција. А бидејќи на полицијата ѝ биле потребни 15 минути за да пристигнат на местото на настанот, тие не го виделе детето што стоело на прозорецот.
Полицајците зборувале со родителите на детето, а потоа ги известиле локалните медиуми дека тие се нормално семејство без некои посериозни проблеми.
Извор: МКД.мк