Скопски фестивал помина минатата недела, а импресиите сè уште не стивнуваат.
Добитниците на награди познати, а јавноста сè уште избира свој фаворит. Од сите изведувачи, најмногу се коментира настапот на Сара Мејс која секогаш инвентивна, пробува да поттикне различни чувства кај публиката.
Овојпат не запираат позитивните коментари од јавноста и музичките експерти за песната „Градина од цреши“, која се најде на третото место на последното издание на Скопски Фестивал.
Фантастичниот спој на почетокот на песната со македонската традиционална народна музика и тапанот како наш најпознат музички инструмент во историјата, со класичниот звук на харфата и кристално чистиот глас на Сара, веднаш влезе во увото на секој оној кој ја слушна „Градина од цреши“.
Токму тој музички несекојдневен спој кој ни го претстави Мејс влезе во историјата на нашиот најпознат музички фестивал на забавна музика каде што го добивме првиот изведувач којшто истовремено пееше и свиреше на харфа.
По 8000 прегледи на аматерското видео поставено на социјалната мрежа Фацебоок непосредно по настапот на Сара Мејс на Скопски фестивал, денес на ЅоуТубе каналот се појави видео во ХД резолуција, за сите оние кои сакаат да ја слушнат песната.
Понекогаш, од бајки, принц е тој
и тогаш сè е толку убаво…
Птица видов лична, летна,
пее една слична песна.
Но некогаш е толку лош, ладен, тој,
зарива нож во срцево…
Истото тоа срце чука најзабрзано за него.
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода?
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода, да овенам.
Некогаш не дишам од неспокој,
само воздивнувам најдлабоко.
Лебед видов, тивко плаче,
па се нурна, да се скрие.
Принцот понекогаш е лош, ладен, тој.
Зарива нож во срцево, истото тоа срце
чука најзабрзано за него.
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода?
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода, да овенам.
Ниту со него можам, ниту без него сакам.
Кревка сум…
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода?
Зошто ми правиш вака?
Ко цвет во пролет ме расцветуваш.
На градина од цреши мирисам,
но зошто веднаш после тоа ме оставаш без вода, да овенам.
Публицитет.мк