• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дическа: Ќе бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните

октомври 11, 2021
in Uncategorized
Дическа: Ќе бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните

Кандидатката за советничка во Советот на Општина Охрид  од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Снежана Дическа, денеска на прес-конференција најави низа проекти со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.

-Вредноста на градот е во луѓето. Грижата за нив не треба да престанува ниту еден ден. Охрид треба да биде град кој промовира социјална правда, вклученост и безбедност за сите негови жители преку систематски, сеопфатни и иновативни програми во социјалната политика. Град кој обезбедува квалитетен живот од најраното детство до староста. Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители, од сите села и населби, за децата, за младите, за постарите и оние на кои им е потребна посебно внимание, затоа што социјален град значи грижа за секој поединец кој го има својот дом тука, рече Дическа.

Таа најави дека во претстојниот мандат ќе  бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните лица.

-За таа цел во слободни простории и објекти кои се под надлежност на локалната самоуправа предвидуваме отворање на пензионерски клубови опремени со основни услови за развој на социјалниот живот во оваа категорија граѓани. Просториите ќе бидат отворени од 10.00 до 20:00 часот, а тука пензионерите во близина на своите домови ќе можат да се дружат и да поминуваат пријатни денови во третото доба, рече Дическа.   

Според неа, предвидено е и отворање на Центар за социјални услуги за изнемоштени и повозрасни лица, кој ќе нуди нега и помош во нивниот дом.

-Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и лиценцирани организации за нудење социјални услуги, ќе овозможиме помош и услуги за повозрасни охриѓани во нивните домови, вклучувајќи одржување на хигиена, снабдување со намирници, основна здравствена нега и слично.

Овој проект ќе го подобри животот на дел од нашите граѓани, но и ќе отвори нови работни места. Планираме организирање и на локална поддршка постари лица при добивање информации, совети, обезбедување директна помош при контакти со социјални и здравствени работници и институции, рече кандидатката за советничка од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Снежана Дическа.

Честитајќи им го на граѓаните денешниот празник, 11 Октомври, Дическа ги повика, в недела, на 17 октомври да го заокружат бројот 12, за како што рече, поубав Охрид  и за инфраструктурно и модерно уреден град.

Публицитет.мк

Посетеност: 75
Share
Previous Post

Честитка на градоначалникот Георгиевски за 11 Октомври

Next Post

Георгиески: Продолжуваме да преземаме мерки за спроведување на современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден културен и туристички центар

Next Post
Георгиески: Продолжуваме да преземаме мерки за спроведување на современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден културен и туристички центар

Георгиески: Продолжуваме да преземаме мерки за спроведување на современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден културен и туристички центар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 75

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk