Неодамна во Скопје за проблемите во ученичките и студентските домови со барање можности за корекција на средствата кои ги уплатува државата, Здружението на директори на ученичките и студентските домови имаше средба со министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов.
На средбата присуствувале и претставници од кабинетите на премиерот, министерството за финансии и министерството за информатичко општество.
Според идректорот на охридскиот студентски дом Жарко Куциноски во текот на изминатите 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпела само една измена со зголемување за 10 %.
– Гледанод од ова време сумата ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците/студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови, вели Куциноски и баравме корекција во тој однос.
Во Македонија покрај охридскиот државен студентски дом функционираат уште 18 ученички и 7 студентски домови.
Здружението на директори на ученичките и студентските домови побара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година, додава Куциноски.
Публицитет.мк