EРАСМУС+ проектот за лажни вести на Охридската гимназија, по 2 години привршува. Проектот започна со утврдување на реалната состојба во поглед на реакциите на лажни вести кај средношколците и детектирање на проблемите во 8 земји учеснички на проектот. Психолошкиот, онлајн тест е зададен на неколку стотици средношколци од Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Романија, Русија, Турција и Македонија.
Како помош во борба против лажните вести, подготвен е и online прирачник за наставници кој би требало да се користи како дополна на редовната школска програма. Прирачникот е изработен е на девет јазици, имено покрај англиската верзија, тука се и јазици на осумте нации кои се вклучени во проектот.
Снимени се и едукативни видеа со практични вежби, користени за време на онлајн курсевите изведувани во рамки на проектот, кои ќе бидат достапни за идни корисници на страницата на проектот, како и на YouTube.
Потоа, учесниците пополнуваа прашалници за евалуација, по што следуваше анализа на истите. На веб страницата на проектот можат да се преземат бесплатни материјали:
https://schoolprogrammeagainstfakenews.wordpress.com/
По повод завршетокот на проектот по две години, организираме серија настани за дисеминација на проектните резултати со цел споделување на добрите практики кои би можеле да најдат примена на час, но и во неформалното образование како гејмификација и видео игри. School Programme Against Fake News, за лажните вести, е наменет пред сѐ за училиштата: наставници, младински работници и сите засегнати во оваа ера на преплавеност со секакви информации на социјалните мрежи и сите останати медиуми.
Психолошки механизми кои стојат во основа на реакциите на лажните вести на кои сме секојдневно изложени, се една од важните теми на овој проект, но тој ги третира и бројните други научни дисциплини. Примери за тоа како лажните вести се провлекувале низ историјата, литературата, природните науки, случај со корона вирусот и вакцините, како и манипулација со цифри и статистички податоци, со цел остварување одредено влијание, било политичко со влијание на мислење и ставови, пазарот преку влијание на цени, осварување профит, сè тоа проследено со бројни илустративни примери.