Слободни места, градски плоштади, поранешни автопати па дури и обичните улици ќе бидат полни со дрвја и други растенија. Во Мадрид скоро секое неискористено место ќе биде покриено со зеленило.
Градот ќе потроши милиони за да се прошират постојните паркови, како и многу покриви и ѕидови ќе бидат покриени со зеленило ако е тоа можно. Дваесет и две слободни места ќе се претворат во урбани градини. Поплочените плоштади ќе станат паркови кои ќе ги впиваат врнежите од дожд. Во близина на реката што тече низ центарот на градот , каде што постои голем автопат кој беше срушен во 2003- градот ќе потроши повеќе од $ 4.3 милиони долари на пополнување на коловозите со дрвја.
Бидејќи градот почнува да забранува употреба на автомобили на улиците во центарот, Министерството за животна средина ја разгледува можноста за претворање на некои од оние улици во линеарни паркови исполнети со дрвореди и други растенија.
Сето тоа е дел од убедливиот план кој треба да помогне при соочување со некои од најголемите предизвици со кој се соочува градот од климатските промени. Помалку екстремно топли денови, помалку тешка суша, избегнување на тешки поплави при поројни врнежи.
„Идејата е дека со текот на времето како овие интервенции ќе растат тие ќе допринесуваат заеднички, и ќе функципнираат со други системи за борба против климатските промени што ќе прерасне во шема поголема од само еден градски проект што ќе помогне да се воспостави отпорност на климатски промени што е од витално значење во многу пошироки размери од границите на еден град“ – вели Том Армур, директор на глобална пејзажна архитектура за Аруп , дизајн и инженеринг фирма која работела со Мадрид да се создаде долга листа на начини со кои градот може да се подготви со интегрирање на повеќе природата во бетонот.
Мадрид секогаш е топол во текот на летото, но станува уште потопол како времето одминува. За време на топлотниот бран во 2015 година, бројот на денови со над 40 степени ги сруши сите рекорди во градот за месец јуни и јули од кога е водена евиденција. Топлотните бранови , кои би требало да се случат еднаш на секои две децении се случуваат на секои пет години. До 2050 година ќе има 20 % повеќе необично топли денови во текот на летото , а ќе врне 20% помалку.
Секоја од планираните промени во уредувањето може да помогне. Поставување градини на покривите и на растенија на надворешните ѕидови помага при изолација на зградите, така што тие може да станат енергетски ефикасни, но и помага во намалување на бучавата. Исто така, помага при намалување на локалните температури со засенување на тротоарот и со ослободување на испарената вода што може да создаде облаци. Во пробните зелени експерименти на покривите во некои населби во Мадрид, локалната температура се спушти за повеќе од четири степени. Замената на поплочени плоштади со насади кои може да ја апсорбираат и складирањаат водата ќе му помогне на градот со справување со последиците од поројни дождови.
Иако сушата ќе биде почеста, градот може да се справи со одржувањето на повеќе растенија. Редизајнирањето на поплочените области за да ја задржуваат и чувааат водата, наместо дождодт да бега во канализацијата, може да ги наводнува сите градините со вода колку што им е потребно. И изборот на растенија за сува клима во Мадрид исто така е важно.
Додавање на вегетацијата може да му помогне на градот со проблемот со смогот и загадувањето. Мадрид , еден од најзагадените градови во Европа , донесе забрана за сообраќај на моторни возила и го направи јавниот превоз бесплатен во деновите со најголемо загадување, а забраната за моторни возила во центарот на градот ќе важи до 2020 година. Растенијата можат да помогнат уште повеќе бидејќи ја намалуваат емисијата на штетни гасови и спречуваат понатамошно оштетутвање на озонската обвивка што значително помага со проблемот со зголемените температури. Студија направена во 2015 покажува дека растенијата се значителен фактор во борбата со загадувањето.
„Тоа што се случува во Мадрид треба да се случи секаде“ -вели Армур, „Промените ќе треба да се прилагодат на специфичните потреби на секој град и климата, но многу од решенијата се универзални, “ вели тој. „ Тековното истражување покажува дека решенијата базирани на природата, како овие предложени тука може да резултираат со повеќе благодети, бенефиции за здравството, економијата , општеството и животната средина, а со тоа и тие често може да претставува повеќе ефикасни и ефективни решенија од повеќето од традиционалните пристапи. “
Извор: http://supermodulor.mk/