• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Доделени 78.Награди “Златен Глобус“

март 2, 2021
in Филмољубие
Доделени  78.Награди “Златен Глобус“

             Вчера , во раните утрински часови по европско време, на две паралелни церемонии во Њујорк и Беверли Хилс , Калифорнија ,виртуелно  беа доделени наградите Златен глобус по 78 пат . Домаќинка на церемонијата  во Њујорк беше актерката Тина Феј а домаќинка во Беверли Хилс, Ејми Полер. И обете церемонии беа пренесувани во живо на Ен – Би – Си а наградените во живо се јавуваа од различни локации во светот.Наградите ги доделува жирито на странски дописници во Холивуд во категоријата филм и телевизиски остварувања.

download copy copy copy copy

Оваа година заради пандемијата Ковид -19 , цермонијата се одржа два месеци по вообичаениот термин во јануари.Номинациите за наградите беа објавени на 3. Февруари. 2021 година.

Еве ги добитниците на наградите:

EvZ4IfRU4AEjkCR

За најдобар филм, драма, очекувано, наградата Златен глобус ја освои филмот „Земја на номадите“ во режија на Клое Жао .Филмот досега освои голем број на филмски награди вклучувај ќи го и Златниот лав во Венеција во изминатата година а сигурно ќе биде и еден од номинираните филмови во повеќе категории за наградата Оскар.Се работи за филм кој говори за една жена која по големата криза во 2008 година ќе ги спакува своите работи во својот автомобил и одлучува да живее како номад, возејќи се по американскиот запад .

EvXVjGfXEAEmvbM

За најдобар филм ,комедија/мјузикл, наградата ја освои филмот „Борат2“во режија на Џејсон Волинер со Саша Барон Коен во главната улога.Тој во филмот игра улога на новинар од Казахстан кој носи подарок за американскиот подпредседател Мајк Пенс.

chadwick boseman copy

Наградата за најдобра машка улога во драма , посмртно,му припадна на актерот Чедвик Боузман за улогата во филмот „Ма Рејни:Мајката на блузот“.Како што е познато, Боузман ненадејно почина на 43 годишна возраст пред шест месеци кога неговата смрт ги шокира неговите почитувачи.

screen shot 2021 01 11 at 10.45.42 amScreen Shot 2021 02 28 at 7.58.14 PM 1 e1614571954316

Иако многумина очекуваа дека наградата Златен глобус за најдобра женска улога ќе и припадне на двојната оскаровка Френсис Мек Дорман за улогата во филмот „Земја на номадите“, сепак тоа не случи и наградата во оваа категорија заврши во рацете на Андра Деј за улогата во биографскиот филм „ САД против Били Холидеј“.

Film critic commented on the success of Borat 2

Златниот глобус за најдобра улога во комедија/ мјузикл ја освои Саша Барон Коен за улогата во филмот:„Борат 2“.Добивањето на наградата , тој во свој стил ја прокоментира со зборовите:„Почекајте , Доналд Трамп ги оспорува резултатите. Тој тврди дека гласале многу мртви луѓе“

39885252 0 image a 42 1614566764364

Во женска конкуренција оваа награда и припадна на актерката Розамунд Пајк за улогата во филмот„ Многу ми значи“

daniel kaluuya golden globes

Британскиот актер Даниел Калуџа ја освои наградата Златен глобус во категоријата најдобра споредна машка улога за  толкување на ликот на Фред Хамптон – активист на Црните Пантери ,во филмот:„Јуда и црниот Месија“.

15a1ae687f844284b1331fdd4e964196

Во женска конкуренција наградата ја освои  Џоди Фостер за улогата во филмот „Мавританецот“.

download 1download 2

Во категоријата најдобар режисер, наградата Златен глобус ,отиде во рацете на режисерката Клое Жао за филмот „Земја на номадите“. Таа е родена во Кина но работи во САД.Воедно таа е втората жена во историјата на оваа престижна награда (по Барбра Стрејсенд )која го освоила Златниот глобус во оваа катагорија.

По добивањето на наградата , 38 годишната режисерка изјави:„Им благодарам на сите кои ми овозможија да го правам она што го сакам.Се вљубив во правењето филмови и во раскажувањето приказни зошто тоа ни дава можност да се смееме и плачеме , заедно да учиме едни од други и да имаме повеќе сочувство“.

download 3

За најдобар анимиран филм наградата Златен глобус ја освои компјутерски анимираниот филм „ Душа“ на компанијата Пиксар – Волт Дизни.

EvXIyIyXYAEeSkY

Во категоријата најдобар странсаки филм наградата ја освои , на големо изненадување, корејско –американскиот филм „Минари“ . Станува збор за семејна драма со елементи на комедија во која едно корејско семејство се доселува во државара Арканзас во потрага по „американскиот сон“.

jane fonda golden globes 2021 amy poehler

Наградата Сесил Б.Де Мил , која се доделува за животно достигнување во филмската индустрија и беше доделена на американската актерка и активиска Џејн Фонда која зад себе има неколку филмови по кои ќе биде запаметена во историјата на седмата уметност.

Најголем губитник на доделувањето на годинешните награди е драмата „Манк“ на стриминг сервисот за видео и тв содржини „Нетфликс“, кој имаше најмногу номинации,дури шест,но остана со празни раце.

Но, од друга страна „ Нетфликс“во категоријата на тв награди освои шест награди во категориите на тв серии.

EvXKTatXEAYLopOent2 1 2020 11 16 16 02 48

Нивната тв серија „Круна“, која го прикажува животот на британското кралско семејство, е прогласена за најдобра драмска тв серија. Актерката Ема Корин која во серијата го игра ликот на младата принцеза Дијана, е прогласена за најдобра актерка во драмска тв серија.За најдобар актер во истата категорија е прогласен Џош О’ Конор кој во серијата „Круна“ го игра ликот на принцот Чарлс.

Golden Globes 2021 Winners List The Crown Schitts Creek The 990x557

Нетфликс ги освои наградите и во категориите за Најдобра серија –комедија („Шит’с Крик“) како и во категоријата минисерија („Дамски гамбит“)

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 123
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Владимир Куциноски

Next Post

Крводарителска акција во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Next Post
Крводарителска акција во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Крводарителска акција во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk