
Општинската организација на Црвен крст Охрид на 4 март в четврток ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид.
Акцијата која ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина-Охрид во времето од 9 до 12 часот, има цел да обезбедат крвни единици кои се потрeбни во овој период.
Средношколците можат да ја покажат својата хуманост, но треба да исполнуваат неколку услови за да можат да даруваат крв.
-да се на возраст над 18 години;
-да се чувствуваат здраво;
-да носат со себе документ за идентификација
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Публицитет.мк







