• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Доделени општинските стипендии за ученици и студенти

февруари 2, 2017
in Uncategorized

Денес со пригодна свеченост, градоначалникот Никола Бакрачески ги додели решенијата за општинските стипендии, за учениците и студентите од Охрид.

Четврта година по ред, Општина Охрид ги поддржува и мотивира најдобрите ученици и студенти со доделување на стипендии, чиј број од година во година расте, како во бројот на корисници, така и во висината на издвоените финананиски средства од општинскиот буџет. Во своето обраќање, градоначалникот Бакрачески, истакна дека како одговорна локална власт и оваа година ја продолжуваме практиката да ги помагаме, поддржиме и мотивираме нашите ученици и студенти.

– Годинава го зголемивме бројот на стипендистите и износот на паричните средства. Верувам дека доделените средства иако не многу високи, добро ќе бидат искористени од ваша страна, а она што како порака сакам да ви ја испратам е дека ние знаеме да го цениме највредното кај вас ,а тоа е вашето знаење, труд и резултати. Верувам дека со иста посветеност како и досега ќе продолжите со надградување на вашите знаења, кои ќе бидат од полза пред се за вас, а се разбира и за пошироката заедница. Ние и во иднина секогаш ќе стоиме зад трудољубивите и талентирани ученици и студенти, како најдобра инвестиција за подобра иднина  на нашиот град и земја – рече пред присутните градоначалникот Бакрачески.

За учениците од основните училишта општината додели  50 стипендии, а за средношколците 42, со вкупна вредност од еден милион двесте и четириесет и две илјади денари. Годинава осум студенти ќе бидат корисници на општинска стипендија, а за тоа се издвоени сто четириесет и четири илјади денари. Вкупно за сите стипендисти оваа година Општина Охрид издвои еден милион триста осумдесет и шест илјади денари, што претставува зголемување за 20 отсто во однос  на минатата година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 136
Share
Previous Post

Чистење кај хотел Милениум и кај пешачката патека во нас. Рача

Next Post

Дејан Пановски во „Мојот живот, мојот свет“

Next Post

Дејан Пановски во „Мојот живот, мојот свет“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 136

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk