Распишани се веќе вонредните парламентарни избор за на 12 април. Парламентот пред да се распушти го донесе и Законот за јавно обввинителство.
Парламентот се распушти. На 12 април Македонија ќе гласа на вонредни парламентарни избори за нов состав на Собранието, како што претходно се договорија партиските лидери на средбата кај претседателот Стево Пендаровски.
Вчера 108 пратеници гласаа за распуштање на Собранието. Овој девети по ред пратенички состав најмногу ќе биде запаметен по изгласувањето на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, промената на Уставот за промена на уставното име на Република Македонија, неодамнешното изгласување на Протоколот за НАТО но и по настаните од 24 април 2017 година и упадот на толпа народ во Собранието.
Пред распуштањето на Парламентот од своја диоптрија и агол пораки до јавноста упатија координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески и Никола Мицевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна синоќа ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.
Тензично во Собранието беше од петокот, пособено вчера на гласањето на Законот за јавно обвинителство.
Пратениците го изгласаа Законот за Јавното обвинителство со 80 гласа ЗА, шест Против и без воздржани.
На почетокот од Седницата, се гласаше законот, но го изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи гласањето , бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори, а неколку пратеници не гласале поради проблеми во системот. Се бунеа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, но Џафери го поништи гласањето и и’ дозволи процедурално на Поповска да се обрати, веднаш по неа говореше и пратеникот Ферид Мухиќ.
По изгласувањето на законот, на говорницата излезе координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и рече дека требало да биде прифатено првото гласање:, а Костадин Костадинов од СДСМ изјави дека проблеми со гласачката техника имало и претходно и во други случаи се прегласувало,а ако ВМРО ДПМНЕ сакал можела да побара и устно изјаснување на пратениците за да се потврди епилогот од гласањето , но тоа не го сториле бидејќи им било јасно дека СДСМ го има потребното мнозинство.
Во парламентот се случи жестока кавга помеѓу пратеничката Нола Исмајловска од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска по говорот на Исмајловска која ги наброја пратениците од ВМРО-ДППМНЕ кои гласале за Законот за Армијата со новото уставно име.Исмајловска рече:
-Законот за служаба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Дафне Стојаноска, Никола Мицевски, Жаклина Пешевска и Павлинче Честојнова. По ова бруно реагираше Пешевска:
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не се вратија во салата и без нив беа изгласани неколку закони а беа внатре само да гласаат за чинот на распуштањето на Собранието.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ по распуштањето на парламентот го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува и Законот за Советот за јавни обвинители бидејќи при неговото донесување, како што рече пратеникот Илија Димовски не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.
Видео-снимката од гласањето за измените во законот за советот на јавни обвинители потврдува дека спикерот Џафери првично вели дека законот се носи со двојно мнозинство, а потоа констатира дека е усвоен без второ гласање.
Од кабинетот на Џафери се повикуваат на член 11 став 3 од законот за комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема законот за советот на јавни обвинители. Тоа што првично го рекол Џафери според нив било грешка.
Во законот за ЈО нема скриена амнестија – секој што го прекршил законот ќе одговара, тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на заробена држава, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако попладнево беше изгласан законот за јавно обвинителство. – Мицкоски направи се да го спречи носењето на законот и да го одбрани Никола Груевски но не дозволивме да се загрози европската иднина на земајата – дополни Заев.
Лидерот на СДСМ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава.
Заев порача дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, денеска пред Собранието да се приклучат кон Маршот на правдата.
Заев испрати и порака до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното и дека сега ЕУ е на потег.
Христијан Мицковски – претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе ги преземат сите правни и законски чекори што им стојат на располагање за да го оспорат пред надлежните институции донесувањето на законите во Собранието. Мицковски го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува законите поради правни недоследности бидејќи во спротивно, како што рече, ќе биде соучесник.
Претседателот Стево Пендаровски експрерсно ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Македонија, меѓу кои и за Законот за Јавното обвинителство, Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, соопштија од неговиот кабинет.
Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот ЦИТИРАМ: „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.
Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија како надлежен државен орган.
Публицитет.мк