Пристигнаа и првите рекации од Брисел, по донесените закони во македонскиот Парламент.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство
– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека Северна Македонија има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.
Тој додаде дека веќе се разговара за Европскиот совет да ја отвори вратата за европската перспектива на регионот.
Додека претседателката на ЕК Урсула фон Дер Лајен истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија и оти се надева дека Македонија и Албанија можно е да почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб.
-Може да биде проблем доколку и натаму дел од членките на Европската Унија инсистираат Македонија и Албанија да одат во пакет. Сметаме дека проценувањето треба да биде индивидуално и таа проценка ќе доведе во позиција во овој момент да видиме простор Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија. Ова е пристап базиран врз заслуги вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.
-Сега е на ЕУ конечно да испорача, откако Северна Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот.
Публицитет.мк