Поради непријавени долгови на ОУ „Григор Прличев“ во системот на е-обврски до 30 септември 2018 г. од страна на Директорката, Општината не можеше да ги користи владините пари добиени за таа намена со што општинскиот буџет е оштетен за 8.000.000 денари, тврди Сао Донев , претседателот на ОК на ВМРО ДДПМНЕ од Охрид.
-Дали Георгиески знае што му се случува со образованието и дали конечно ќе побара одговорност од Директорката за пропустот која не смеела да го направи?
ОУ „Григор Прличев“ со години има блокирана сметка. Советот со години усвојува извештаи во кои не се прикажуваат трошоци и за најелементарните потрошни средства за одржување хигиена и непречена настава. Неодамна на социјалните мрежи се појавија фотографии од срушен таван во Училиштето. Постојано се бараат донатори и спонзори, најчесто тоа се родители, за да се пратат децата на натпревари надвор од Охрид.
Зошто во вакви услови на Советот му се дава на усвојување Изјава од која треба да се заклучи дека долгот е минимален и училиштето ќе се справи со истиот од сопствени средства?
На овој начин средствата од Буџетот на државата нема да бидат искористени за раздолжување на образовните единки формирани од Општината, туку ќе се сервисираат само општински долгови, заклучува Донев.
Публицитет.мк