Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од оваа партија, Сашо Донев, денеска одржа прес-конференција на која рече дека нивната работа продолжува во интерес на градот и охриѓани.
Продолжуваме со кренати глави кон новата и светла иднина! Заедно одлучивме дека Охрид треба да продолжи кон посветла и посреќна иднина. Четири години се боревме заедно, сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и бидете со кренати глави. СДСМ и Георгиески се поразени. Во следниот круг победата има да биде уште поголема, уште посилна, уште похрабра за нова и светла иднина на Охрид. Денеска насекаде се слуша гласот на промените. На охриѓани им е доста од криминал, корупција, пазарења и непринципиелни коалиции, рече Донев.
Тој најави дека партијата на која припаѓа, ќе стигне до секој гласач.
-Нѐ чека работа, од денеска повторно на работа, за народот и решавање на сите проблеми на граѓаните. Ќе стигнеме до секој еден гласач затоа што потребни му сме сите заедно на Охрид.И како Претседател на Општинскиот Комитет, и како носител на победничката Советничка листа заедно застанувамe гордо пред вас со цел реализација на сите наши идеи и проекти за Охрид, рече Донев на денешната прес-конференција.
Публицитет.мк