• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Драган Мијалковски ги забавуваше лицата згрижени во Геријатрија во Охрид

август 14, 2015
in На минување

Пејачот  Драган Мијалковски, миленик на генерации луѓе во и надвор од Македонија познат е и по својата хумана дејност.

Денеска на иницијатива на директорот на Општата болница д-р Љубен Арнаудов и примариус  д-р Брано Милошески, Помошник министер за здравство  беше во посета на Одделеот за геријатрија , однсоно продолжено лекување на болни лица во Општата болница – Охрид. Драган за „Публицитет.мк“ изјави дека со цело срце и душа настапил пред овие луѓе кои му се радувале на неговото доаѓање, брзо го препознале и му кажале дека  многу од нив го обожувале во времето на неговата најголема  популарност: „Благодет е да се пее и настапува пред луѓе, среќен  сум што со својата песна им го разбив  болничкото секојдневие. Не само што заедно си пеевме , туку и дел од нив , оние кои можеа да излезат од своите соби и кревети, свртеа и по некое оро. Јас често настапувам во вакви хуманитарни цели не само во Охрид , туку и во други градови и ќе продолжам да го правам тоа,“ни рече Мијалковски

oro

Персоналот во оддлението ја искористи можноста  да му се заблагодари за посетата. Со желба Мијалковски повторно да е меѓу нив. „Правиме се’ да го подобриме условите за згрижување на пациентите, се трудиме и во состојбата во која се наоѓаат достоинствено да им минува животот и секојдневието“, вели Лазар Стојчески од Геријатрија.

dragan copy copy

Директорот д-р Љубен Арнаудов беше присутен на средбата и беше задоволен од позитивната  реакцијат на лицата кои се на  лекување во нивното одделение. Тој за „Публицитет.мк“ ги потврди заложбите за доградба и целосна реконструкција на одделението за Геријатрија, како и потребата од изградба на Урегентен центар. Д-р Аранудов очекува помош од државата, но и од разни донатори од и надвор од Македонија.

Публицитет.мк 

Посетеност: 131
Share
Previous Post

„Вевчани -Историја – Вевчанци прва „рожба“ на Академијата за убави уметности

Next Post

Образот на образованието

Next Post

Образот на образованието

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 131

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk