ФК Охрид – Лихнидос – ФК Велешта 0 – 0.
Охридската екипа е единствена во Втората лига која има најмалку постигнати но и најмалку примени голови. Така беше и на натпреварот во Велешта каде патем да кажеме дека гостинските екипи тешко доаѓаат до бодови но на охриѓани тоа им успеа.
Што се однесува до натпреварот тој како што се очекуваше започна во знакот на домаќините но сепак, охриѓани како што одминуваше времето успешно ја стабилизираа играта дури и имаа шанса за водство откако создадената шанса на Бурхан Алији која следуваше после досуден слободен удар домашениот голман успешно го одбрани.
Воглавно тоа беше се од првото полувреме.
Во второто полувреме екипата на Велешта ја презеде иницијативта, но охриѓани се до крајот успешно се бранеа и се одбранија но преку шансите на Клечкароски и ударот на Дишлиевски кој домашниот голман успешно го одбрани охриѓани можеа и да стигнат до целосен триумф.
Во следното коло охриѓани на домашен терен ќе ја пречекаат екипата Дрита.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (11. коло)
Велазерими – Кораби 2-0
Скопје – Вардар Форино 6-0
Дрита – Кадино 1-1
Велешта – Охрид 0-0
Гостивар – Тетекс 1-0
И.Арсеноски Охрид спорт
Публицитет.мк