Авион на Американ Ерлајнс на лет од Феникс за Бостон итно бил приземјен на територијата на државата Њујорк, откако среде лет починал пилотот.
Во авионот се превезувале 147 патници и 5 членови на екипажот, а успешно го приземјил копилотот. На снимките за комуникација со контролата на летот се слушал некој од кокпитот кој велел „пилотот е онеспособен, не дише“.
Една ос стрјуардесите се обидела да му помогне на пилотот, но му немало спас. Засега нема информации за причината на смртта.
Извор: lokalno.mk






