• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

М-р Димоски Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот – за кусо време со бројни активности

октомври 5, 2015
in Аргументи за

Конституиран од средината на мај досега Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот зад себе остави неколку успешно  реализирани активности кои во медиумите и јавноста беа прифатени со симпатии и одобрување.

-Нормално и во оваа сфера има  простор за анулирање на многу недостатоци. Но најважно е што проблемите се нотираат и за нив почнува да се дискутира и тие  да се решаваат, вели за Публицитет.мк м-р Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Охрид.  

Sovet za bezbednost 4852 copy

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Охрид активно се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“.

Кампањата се реализира во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. По тој повод oрганизиравме велосипедско дефиле низ улиците на градот.

 

tocaci copy copy

 На 12 септември Советот ја реализира Републичката кампања „Вози трезвен-стигни жив“.

stefan copy copy

На кејот „Македонија“ во близина на охридското пристаниште беше поставен сообраќаен пункт составен од полициски службеник и волонтер на Црвениот крст каде се вршеше доброволно алкотестирање како и делење на пригоден едукативен материјал на сите учесници во сообраќајот. 

Општинскиот совет за безбедност го организира јавниот настан на кој Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на општина Охрид и донира 16 одбројувачи за семафори.

Донацијата на градоначалникот Никола Бакрачески му ја предаде Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамките на овој настан, дополнително на граѓаните на Охрид и на туристите им беше поделен сообраќајно едукативен материјал за почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.   

fotka

Општинскиот совет активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилноста и 22 септември денот што општина Охрид го прогласи за Ден без автомобили.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид со оделението за превенција при СВР Охрид, одржаа средба со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот. На состанокот произлезе идејата за оформување на заеднички патроли од полициски службеници, моторциклисти и велосипедисти а посебно беше потенцирана потребата од  превентивни кампањи за подигнување на сообраќајната едукација не само на оваа категорија, туку и на сите учесници во сообраќајот. Заедничките патроли беа реализирани во текот на јуни 2015 година.

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид и детската градинка „Јасна Ристеска“, на 29 јули за педесеттина деца од градинката беше организиран едукативен час за разгледување на градот со панорамскиот автобус. Покрај рекреативна, целта на оваа активност беше и едукативна.  

– Сето ова остана зад нас во годишната програма за работа на Советот, што ја донесовме неодамна  меѓу другото се предвидени и два клучни  проекти: .„Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“ и  .„Велосипедска патека на секоја охридска улица“. Нивната реализација ќе следува во иднина. Предвидени се и други предлог – програми поврзани со учениците, пензионерите и лицата со посебни потреби, вели  м-р Стефан Димоски , претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид. 

Публицитет.мк 

                                        

Посетеност: 173
Share
Previous Post

Колекција од македонски фотографии деветта во светот

Next Post

Драма во авион, пилот почина за време на лет

Next Post

Драма во авион, пилот почина за време на лет

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 173

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk