
Премиерата на „Дух“ на сцената на Народниот театар од Охрид ќе се случи утре од 20 часот. Текстот на Дејан Дуковски трага по одговорот на прашањето: Што се случува со обичниот човек, кога ќе му пукне филмот? Од разните мафии испреплетени во реалниот живот насекаде по светот. Тогаш човек оди по пат и убива луѓе. Од криминогени типови тоа и можеби е очекувана ама од обични сигурно – не.
Режисерот Сашо Миленкоски е среќен што повторно режира текст на нему добро познатиот Дуковски со кого соработувале преку текстовите на сега веќе култните претстави „Буре барут“ и „Балканот не е мртов“.
Охридскиот театарски ансамбл овој пат е освежен со двајца актери од надвор. Верица Недевска која е од Охрид а живее во Прага и со Јовица Михајловски, чија матична сцена е Драмски во Скопје. Во останатите улоги се: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски.
Сценографијатаи костимографија се на Владимир Симоноски, ко-автор на музиката е Александар Гулевски.

Во претставата е вклучен и Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос под диригентство на Бурим Хидри кој е и музички соработник а во улога на кореограф е ангажирана: Татјана Узуновска -Тренеска. Првата реприза на „Дух “ е закажана за недела, исто од 20 часот и таа ќе биде изведена пред ограничен број публика.

И во време на Ковид мерки одговорните во тетарот најавуваат секој петок нова театарска изведба на сцената во Охрид.
Публицитет.мк






