• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во октомври (1)

октомври 1, 2021
in Филмољубие
Филмски премиери во октомври (1)

До крајот на оваа година остануваат уште три месеци од оваа втора пандемиска година која битно влијаеше врз сите сегменти во животот на луѓето.Меѓу најпогодените беше и сеуште е филмската индустрија заради повеќемесечното затворање на кино салите како и намалениот капацитет на посетители за една третина, потребата од потврди за вакцинација , употребата на заштитни средства …

Најдобар пример за штетата што ја претрпе филмската индустрија можеби е последниот филм од серијалот за Џејмс Бонд  „Не е  време за умирање“чија премиера беше одлагана три пати во период од 18 месеци. Конечно премиерата на филмот беше одржана   на 28. септември во Лондон во присуство на актерската екипа и голем број на познати личности меѓу кои и членовите на Кралското семејство ,традиционално , од причина што Џејмс Бонд , нели ,работи во служба на нејзиното Височество. Филмот веднаш по премиерата започна да се прикажува во кино салите во Велика Британија а веќе од следната недела и во целиот свет. 

Освен овој филм во првите две недели од октомври во кино салите ќе се појават и други филмови за кои  ќе гпвориме овојпат.

MV5BYTc3ZTAwYTgtMmM4ZS00MDRiLWI2Y2EtYmRiZmE0YjkzMGY1XkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA. V1 UY209 CR00140209 AL

ВЕНОМ 2

Филмот преставува продолжение на филмот „Веном“ од 2018 година во режија на Енди Серкис во кој настапуваат: Том Харди кој го игра ликот на Еди Брок односно Веном а тука се уште и Мишел Вилијамс, Наоми Харис, Рид Скот, Стивен Греам и Вуди Харелсон.Како што е познато „Веном“ е лик од стриповите на Марвел . Во продолжението новинарот Еди Брук се обидува да ја обнови својата кариера во новинарството и за таа цел тој прави интервју со со серискиот убиец Клетус Касади кој станува домаќин на вонземјанскиот потомок на Веном , наречен Масакр.

Филмот својата премиера требаше да ја има во октомври 2020 година но заради пандемијата тој започна од вчера  да се прикажува во кино салите во САД и во остатокот од светот.

MV5BNzQ5NzJjMDgtNzhjMC00NTQ2LTgzOTUtZThiMWMwYmYwMGYxXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

СЕМЕЈСТВОТО АДАМС  2

Омиленото плашливо семејство се враќа во анимираното продолжение „Семејството Адамс 2“. Во овој нов филм, Мортиција и Гомез ги гледаме вознемирени дека нивните деца растат, ги прескокнуваат семејните вечери и целосно го  трошат бесцелно времето. За да си ја вратат врската, тие одлучуваат да  одат заедно на семеен одмор. Нивната авантура низ Америка ги вади од елементот учествувајќи  во  смешни трки со нивниот иконски братучед, Ит, но и со голем броја на нови ликови.

Гласовите на главните јунаци, како и во првиот филм , им ги позајмуваат актрите Оскар Ајзак,ЧарлизТерон, Ник Крол, Снупи Дог, Бет Мидлер, Бил Хадер и други.

Режисери на оваа компјутерска анимирана комедија се повторно Грег Тиернан и Конрад Вернон.

MV5BYmQzNmY3YzItOTE3OC00NGZjLTkwZDYtOWVmM2QyMzhiYTgwXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

МНОГУТЕ СВЕТЦИ НА ЊУЈОРК

Дејствието на оваа криминална драма е сместено во 60 тите и 70 тите години од изминатиот век во Њујорк, Њу Џерси, користејќи ги немирите во градот како позадина за тензиите помеѓу италијанско –американската  и афро- мериканската заедница. Филмот ги следи тинејџерските години на Тони Сопрано среде војната помеѓу бандите во која се вмешани неговиот вујко и неговото семејство.

Главните улоги во филмот ги толкуваат : Алесандро Нивола,Лесли Одом Јр.Џон Бернтал, Кори Стол, Реј Љота, Микела Дороси, Џон Магаро и Мајкл Гандолфини, роден син на актерот Џејмс Гандолфини кој почина пред неколку години а кој се прослави со улогата во тв серија „Сопранови“. Интересно е да се спомене дека младиот Гандолфини го игра ликот на Сопрано во неговите млади години.

Режисер на филмот е Алан Тејлор.

MV5BM2ViYWUzODctMGU2ZS00NzRjLThmOTAtYTUyOTE3OTFkYmI2XkEyXkFqcGdeQXVyNjc3MjE2MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

СТАРИОТ ХЕНРИ

Филмот преставува акционен вестерн кој говори за еден фармер и неговиот син во чиј дом ќе дојде еден ранет мистериозен странец кој со себе носи една торба полна со пари.

Кога на прагот од нивниот дом ќе се појават тројца мажи кои тврдат дека се преставници на законот, фармерот мора да одлучи кому да му верува.Бранејќи ја опсадата на неговиот дом од несаканите натрапници, тој ќе се покаже како вешт пиштолџија што ќе ги изненади сите па заради тоа тие ќе се посомневаат во неговиот вистински идентитет.

Режисер на филмот е Потси Понкироли а главните улоги ги толкуваат: Тим Блејк Нелзон, Скот Хозе, Гевин Луис, Грејс Адкинс, Стивен Дорф , Бред Картер и други.

MV5BYWQ2NzQ1NjktMzNkNS00MGY1LTgwMmMtYTllYTI5YzNmMmE0XkEyXkFqcGdeQXVyMjM4NTM5NDY. V1 UY209 CR00140209 AL

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ

Конечно, по многу одлагања во вторникот во Лондон во Ројал Алберт Хол беше одржана светската премиера на 25 по ред филм од еден од најдоговечните филмски серијали за тајниот агент на нејзиното височество – Џејм Бонд.Веќе од четвртокот тој започна да се прикажува во кино салите во Велика Британија а од 8. октомври ќе се најде на репертоарот на кино салите во САД. Еден ден порано филмот ќе биде на кино репертоарот и во кино салите во нашата земја.

Главната улога во филмот по петти (а според најавите и за последен )пат ја толкува актерот Даниел Крег. Во филмот покрај него настапуваат уште и Ана Де Армас, Лашана Линч, Леа Сејду, Рами Малек, Ралф Фајнс, Кристоф Валц, Џефри Рајт, Рори Кинеар, Били Магнусен, Бен Вишоу, Наоми Харис и други. Режијата ја потпишува Кари Фукунага  кој го замени Дени Бојл кој заради креативни разлики со продуцентите го напуштил проектот.

Филмот започнал со реализација во април 2019 година под работен наслов „Бонд 25“. Неговата реализација завршила во октомври истата година.Буџетот на филмот бил помеѓу 250 и 300 милиони долари.

Дека на Бонд не му треба многу за да го спаси светот, најдобар доказ за тоа е приказната на неговиот најнов филм.Бонд ја напушта активната служба и ужива мирен живот на Јамајка.Но , неговиот мир трае кратко кога неговиот стар пријател Феликс Лајтер од ЦИА ќе се појави и бара негова помош.Нормално, Бонд се вклучува во мисијата за спасување на киднапираниот научник но ќе се испостави дека работата воопшто не е наивна и дека зад сето тоа стои еден мистериозен негативец кој располага со опасна нова технологија која е закана за мирот во светот.

Филмот трае цели 2 часа и 43 минути со што стана најдолгиот филм за авантурите на тајниот агент. Тој е подолг за цели 13 минути од досегашниот рекордер „Спектра“од 2015 година.

MV5BNzYzZTI2YmQtYmZlOS00NDI0LTg5MTktODJkNzc2Yzg0ZmMxXkEyXkFqcGdeQXVyNTQwOTY1MTg. V1 UY209 CR30140209 AL

ЈАГНЕ

Марија и Ингвар се млада двојка без деца. Еден ден на нивната фарма во Исланд откриваат мистериозно новороденче. Неочекуваната перспектива за среќен семеен живот им носи многу радост, пред конечно да ги уништи.

Во оваа хорор драма главните улоги ги толкуваат Наоми Рапач, Хилмир Снор Гунасон и Бјорн Хлинур Харалдсон. Овој копродукциски филм помеѓу Исланд, Шведска и Полска е во режија на дебитантот Валдимар Јохансон . Филмот беше прикажан на годинешниот кански филмски фестивал каде освои награда за оригиналност а беше прикажан уште на неколку други филмски фестивали.

MV5BODIwNGZiNjQtM2FhYy00NDZkLTlmOTUtZjMzNTE2YWI2NzRlXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

СПАСУВАЊЕ

Во јуни и јули 2018 година , младинскиот фудбалски тим „Диви свињи“беше спасен од пештерата Там Луанг Нон во провинцијата Чианг Раи , во северниот дел на Тајланд. Дванаесет членови на тимот, на возраст од единаесет до шеснаесет години и нивниот 25 –годишен помошник тренер влегле во пештерата на 23 јуни по еден од фудбалските тренинзи.Непосредно потоа , обилните врнежи од дожд делумно го преплавиле пештерскиот систем  со што го блокирал нивниот излез од пештерата.

Документарниот фил говори за натчовечките напори на спасувачките екипи за да ги спасат заробените деца и нивниот помошник тренер. Филмот е во режија на брачната двојка Елизабет Чаи Васархели и Џими Чин. Филмот беше прикажан на годинешниот филмски фестивал во Торонто каде ја освои наградата на публиката во категоријата за документарни филмови.

MV5BYmE3MGQ1ZjYtODUzZC00OWE2LTgxY2ItMDM4MTIzODY5MDk0XkEyXkFqcGdeQXVyMzQwMTY2Nzk. V1 UY209 CR00140209 AL

ЈУЖНО ОД РАЈОТ

Осудениот злосторник Џими добива предвремен условен отпус откако одлежал 12 години за вооружен грабеж.По ослободувањето тој и’ се заколнува на Ени,  неговата љубов од детството, која сега умира од рак, дека ќе и ја подари најубавата последна година од нејзиниот живот. Но, за жал тоа не е остварливо така едноставно..

Режисер на оваа акциона криминална драма е Ахарон Кешалес а улогите ги толкуваат:Џејсон Судекис, Евангелина Лили, Шиа Вингхам, Мајк Колтер, Мајкл Паре , Тина Паркер и други.

MV5BZGM3MDg1YzYtMzM0MS00ZGY2LWE4ZjctZDZhYmZlYjVlZGE5XkEyXkFqcGdeQXVyNjY1MTg4Mzc. V1 UY209 CR00140209 AL

МАСА

Последиците од насилната трагедија која влијае врз животот на две брачни двојки на разлини начини , е темата на оваа драма која како режисер ја потпишува Франц Кранц. Главните илоги во филмот ги толккуваат :Џејсон Ајзак, Марта Плимтон, Рид Бирни и Ен Дауд.

MV5BYjBjZjdhOGEtNDFjNi00MzU5LWE1Y2EtYjgzZjM3MWE2YWUzXkEyXkFqcGdeQXVyMjUxOTAxNzI. V1 UX140 CR00140209 AL

ПРЕЖИВЕЈТЕ ЈА ИГРАТА

Некогаш мошне популарниот актер Брус Вилис во последните десетина и повеќе години никако да одигра некоја забележителна улога со коа ќе остане запаметен кај публиката.

И неговиот најнов филм , трилерот „Преживејте ја играта“ , мошне брзо ќе биде заборавен.

Животот на еден човек на неговата фарма е прекинат кога ќе се појават полицаец и неколку опасни криминалци.

Во филмот кој го режира Џејмс Кален Бресан , настапуваат уште и Чад Мајкл Мареј, Сара Ромер, ДонаД’Ерико, Зен Вард, Кејт Кацман…

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

„Дух“ од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, втора премиера годинава на Народниот театар од Охрид

Next Post

Денес им е роденден: Александар Никодиновски

Next Post
Денес им е роденден: Александар Никодиновски

Денес им е роденден: Александар Никодиновски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk