Вчера во Скопје се одржа Државното првенство во ката за 2019 год., во организација на МТКФ (Македонска Традиционална Карате Федерација.
Карате клубот ,,Фудошин“ од Охрид учествуваше со 6 натпреварувачи и постигна забележителни резултати. Каратистот Мурат Умер во категорија сениори го освои 1 место (шампион на Македонија за 2019) а Нина Ангелоска го освои третото место во категоријата кадети.
-Следниот месец не очекува Државното во кумите(борба), а сето тоа е една подготовка за престојниот европски куп за пионери, кадети и јуниори кој што оваа година ќе се одржи во Скопје на 3 и 4 мај. До крај на овој пролетен семестар не очекуваат уште и 2-3 турнири, но приоритет ставаме на државните првенства и европскиот куп, вели тренерот на клубот Ѓоко Томовски.
Публицитет.мк