-Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели, велат членовите на култната охридска група „Камелеон“ и додадваат:
-Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки.
Оваа среда на на прес конференција групата „Камелеон“ ќе ги соопшти деталите за проектот, кој во чест на 20-годишнината од постоењето на групата ќе се одржи во пресрет на новогодишните празници.
Публицитет.мк