• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Две години заедно – „Само Тони и две жени“

септември 28, 2015
in На минување

На нашето честит Ви роденден, Антонио ни возврати со благодарам и додаде: 

– Овој, втор роденден одлучивме да го прославиме онака поработно при што се собравме тројцата, зедовме едно добро винце, гитарче и…време е за проба . Направивме прекрасна проба. 

Кога го прашавме за плановите по Фејзбук ни одгвори: – Наскоро се надеваме на промоција на уште една нова песна заедно со спот. Се надеваме дека оваа година и ќе ја затвориме со нашиот прв самостоен авторски албум.

Најбитното за нас како бенд ни е слушателите на нашата музика да бидат позитивни и насмеани , како што сме и ние тројца, самите. 

 toni i dve

За оние кои не знаат еве еден мал историјат за бендот: 

„Само Тони и две жени“ е бенд составен од охриѓанецот Антонио Ристески (Само Тони) кој претставува човек бенд со неговата способност да свири повеќе инструменти истовремено и два прекрасни женски вокала Марија Докузова и Христина Стојанова, и двете од Штип.

Зад овие две години успешно функционирање бендот снима повеќе преработки на добро познати македонски хитови како што се „Маре Маријана“ -Студени нозе, „Еј би си“ – Нокаут и др. Веќе последната година се фукусирани на снимање и издавање на нивна авторска музика.

За првенче ја поставија првата нивна авторска песна „Глава ме стега“. Освен музиката која ја интерпретираат како бенд, задолжени се и за доброто расположение на оние кои се присутни на нивните настапи.

Антонио сам има остварено и други неколку музички проекти меѓу кој се издвојува и заедничката соработка со добро познатите „Дубиоза Колектив“ од Босна, со кои ја објавија заедничката изведба на песната „Кажу“

А „Публицитет. мк еве ексклузивно за роденден го чести Антонио Ристески со снимка стара над 15 години, снимена 1999 во Охрид – Антонио таа година пееше на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“ . Тоа е  „Рибарска шегобијна“ . Текст: Милчо Јованоски, а музика и аранжман Илија Булоски. 

Од тогаш се знаеше дека ќе го биде – музичар , пеач и забавувач.

 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Боби со ново видео за „Погледни во мене“

Next Post

АКО СЕ ПОДОБРИМЕ: За три децении блиску до стандардот на ЕУ?!

Next Post

АКО СЕ ПОДОБРИМЕ: За три децении блиску до стандардот на ЕУ?!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk