Германската фудбалска јавност и натаму е во длабок шок по поразот на домашниот тим од македонската репрезентацija. Медиумите стравуваат од големи непријатности на претстојното Европско првенство.
Што трае подолго? Радоста и еуфоријата по сензационален успех или тагата и шокот по незамислив пораз. Судејќи според реакциите во македонската и во германската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар во Дуизбург веројатно би можело да се говори за нерешен исход. И во двете земји тоа е неодминливата тема на денот, која со себе носи целосно спротиставени чувства. Додека македонската јавност еуфорично слави, германската фудбалска јавност и натаму е вџашена по втората бламажа во последните неколку месеци и пропуштената шанса за освојување на сите 9 бода на квалификациите за Светското првенство во Катар. По оние 0:6 против Шпанија во ноември вчера во Дуизбург следеше ладен туш во мечот против аутсајдерот С. Македонија.
Селекторот Лев сепак на крајот на тегобната конференција за печат демонстративно ширеше оптимизам. „Во секој случај не смееме да загубиме надеж во квалитетот на оваа репрезентација. Во никој случај не смееме да го загубиме чувството дека сме во состојба да одиграме добар турнир“, изјави Лев алудирајќи на Европското првенство летово. За Лев летниот турнир ќе биде последна можност да се докаже на местото германски селектор. Како што неодамна објави, тој по Европското првенство ќе се повлече од оваа позиција.

Германските медиуми веќе се прашуваат дали вчерашниот пораз е лош знак пред завршната фаза за подготовките за јуриш за европската титула.
Страв од иднината
„Налошо од сѐ не е поразот од целосниот аутсајдер Северна Македонија… најлошо е чувството потоа. Со овој пораз стигна непријатно чувство дека ЕУРО на лето би можел да биде втор турнир, по срамното Светско првенство 2018, кај кое Лев ја вложи целата енергија во подготовките, а потоа по првиот круг се заминува дома“, пишува спортската рубрика Спортшау на јавниот сервис АРД.