Феузи Забат беше на вистинско место во вистинско време и успеа да направи неверојатен подвиг, спасувајќи девојченце кое падна од вториот кат на една зграда во Истанбул.
Драматичната сцена, односно моментот кога тинејџерот го фати детенцето кое паѓаше од зградата, беше снимена од безбедносните камери во турската метропола. На неа се гледа кога момчето забележува дека девојченцето само што ќе падне од отворениот прозорец на вториот кат од зградата и веднаш притрчува во обид да ја фати. Што конечно, на голема среќа, и му успева:
„Одев во близина на зградата кога го видов 2-годишното дете како седи на прозорецот. Кога се приближив, тоа падна. Ја фатив пред да падне на земја“ , раскажуваше потоа 17-годишниот Феузи Забат, со потекло од Алжир. Таткото на спасеното девојче, Јусуф Мухамед, пак искажа бесконечна благодарност, кон момчето: „Бог да го благослови. Фала ти многу. Сѐ е во ред. Бог е голем. Фала му на Бога, нека те благослови“. Феузи доби и награда, за неговиот неверојатен подвиг. Таткото на девојчето му даде 200 турски лири, односно 30 евра.
Погледнете ги драматичните сцени снимени од безбедносните камери во Истанбул:
Извор: www.dw.com