Меѓу илјадниците фирми на годинешниот саем на мебел во Келн се најдоа и три од Северна Македонија. Во ерата на смарт покуќнина и дигитален мебел, тие нудат квалитет и оригинални производи.
Меѓу новите технологии, масовното производство и дигитализацијата, на саемот за мебел во Келн една навидум обична столица сепак успеа да го привлече вниманието. Фирмата Монозеро од Скопје работи исклучиво уникати, а еден таков беше претставен и на најголемиот саем на мебел во Европа. Погледнете повеќе во видеото:
Извор: www.dw.com