• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

DW: Закон по мерка на занаетчиите

декември 19, 2015
in Актуелно

 

Занаетчиите можат да здивнат. Парламентот едногласно го изгласа новиот Закон за занаетчиство. Се враќаат чираците, се воведува електронски занаетчиски регистар и занаетчиска дозвола се’ со цел – подобар коморски систем.

Старите чаршии низ Македонија одамна го изгубија својот дух познат од минатото. Обидите барем архитектонски да се зачува нивниот лик губат актуелност, а за старите занаети и да не зборуваме. Најголем дел од нив одамна се згаснати со заминувањето на последните нивни познавачи – мајстори. Но времето, колку и да е модерно не може да ги истисне сите одеднаш, се појавуваат нови занаети кои се потребни или се надополнување на големото кое не може без малото стопанство и занаетчиите.

„Претставата што луѓето се’ уште ја имаат за занаетчиството, отиде во неповрат. Некои занаети ги прегази времето, некои конкуренцијата. Долгорочниот увоз на готови производи од други пазари значеше лоша услуга за домашните занаетчии. На пример на Скопје веќе не му требаат самарџии, јажари, на Скопје можеби малку му требаат лимари. Но апсурдно е што ние се наоѓаме во ситуација да немаме: металоглодачи, бравари, столари, дури немаме часовничари за поправка на механички делови на часовниците,а не за менување на батериите, вели Никола Петров од Градската занаетчиска комора во Скопје.

Занаетчиите задоволни чираците се враќаат во работилниците

Со новиот Закон кој ќе стапи во сила до крајот на оваа година се воведува чиракувањето. Се овозможува невработено лице да биде ангажирано од страна на работодавач со цел да се стекне со вештини, компетенции и знаења за изучување на определен занает.

За нас како занаетчии можеби најзначајно е што се воведуват чираци, вели Петров и додава: „Досега од училиштата добивавме занаетчии коишто беа теоретски подготвени, но практично никако. Ние бевме во ситуација да ги примиме за сите нив да плаќаме придонеси и да им даваме плата а немавме никаква корист. Во сите средни стручни училиштата беше слаба практичната работа. Независно дали образуваа бравари, автомеханичари или фризери многу малку внимание се посветуваше на практичниот дел на учениците. Чирак кај нас се смета дека мора да е младо момче. Сега со новиот законот може да биде и 35 годишен човек, на пример. Ние 12 месеци ќе го држиме како чирак, како подготовка за некоја понатамошна работа, му вршиме обука, го запознаваме со работата во занаетот. Ако го земеме од Агенцијата за вработување му даваме плата во висина од 15 проценти од платата што е исплатена на државно ниво за претходната година, а сите други давачки ги покрива Владата на Република Македонија. Оваа мерка е по мерка на занаетчиите.“ Законот го креиравме цели две и пол годиним ни рече Сашо Богоески, претседател на Регионалната занаетчиска комора од Охрид.

„Се залагав чиракот, занаетот кај мајсторот да го изучува три години,а со новиот Закон чиракот само една година ќе може да остане кај занаетчијата. Да почнеме и искуството ќе покаже дали сум бил или не во право. Кога се даваа предлози за изработка на овој Закон посебно барав во него да се вметнат членови кои ќе ги тангираат старите занаети и занаетите во изумирање односно дефицитарните занаети. Но според мислењето на Министерството за економија за нив веќе не постојат услови да се вратат во онаа форма во која биле некогаш и одлучено е за таквите занаети Владата да донесува етапно одлуки со кои би се задржале за сосем да не изумрат. Тоа се ковачи, лимари, грнчари, крзнари, шапкари, опинчари, самарџии.

Тие дефицитарни занаети со новиот закон единствено се ослободени од плаќање од коморската членарина.“

Неколку новини за поефикасно занаетчиство

Со новиот Закон за занаетчиска дејност се воведува занаетчиска дозвола која се издава за занаетчиски дејности. Таа ќе важи како лиценца за работа и гаранција за квалитетот на производите и услугите кои ги нудат вршителите на занаетчиската дејност. Се воведува електронски занаетчиски регистар. Во него покрај физичките лица занаетчии, ќе се евидентираат и трговците поединци и трговските друштва кои обавуваат занаетчиска дејност. Електронскиот занаетчиски регистар ќе служи како централна база на податоци со што институциите за развој и поддршка на занаетчиството во РМ во секој момент ќе имаат јасна слика колку занаетчии се регистрирани и од кои сектори. Така ќе се креираат по реални и квалитетни политики за развој и поддршка на занаетчиството. Во Македонија функционираат 15 регионални комори кои ја сочинуваат Занаетчиската комора на Македонија. На ниво на Македонија има вкупно 5500 занаетчии.

„Занаетчиството зема голем замав и се појавуваат нови занаети. Тука влегува електрониката, мехатрониката, а на пример на пазарот на трудот во Охрид и пошироко има недостаток на заварувачи. Како комора имаме обврска да организираме работилници дел од невработените да ги преквалификуваме. Со новиот Закон намалени се глобите за занаетчиите за одреден направен прекршок. На пример со 1000 евра ќе се казни лице – занаетчија кој во својот дуќан нема да истакне ценовник на услугите. Дивото работење со стариот закон се казнуваше со 200 евра,а наскоро откако законот ќе излезе во Службен весник на РМ ќе се спречува со одземање на предметите со кои се обавувала дејноста до моментот додека занаетчијата не се регистрира, а потоа на пример алатите му се враќаат, додава Богоески.

Конечно со Закон се регулира финансирањето на занаетчиските комори односно согласно законското решение 90% од средствата од извршување на јавните овластувања и коморскиот придонес ќе се прелеат во занаетчиските комори (регионални и општински) додека 10% во Занаетчиската комора на Република Македонија.

DW на македонски 

Автор: Милчо Јованоски 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Светските трендови во кардиологијата успешно презентирани во Кардиолошкиот завод во Охрид

Next Post

Започнува предновогодишната програма на плоштадот Свети Климент Охридски

Next Post

Започнува предновогодишната програма на плоштадот Свети Климент Охридски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk