• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Светските трендови во кардиологијата успешно презентирани во Кардиолошкиот завод во Охрид

декември 19, 2015
in Тикер

Во ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид  се одржа едукативна работилница насловена како “ Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ на која присуствуваа еминентни имиња од областа на интервентната кардиологија,  на која беа презентирани интервенции врз пациенти, разменувани беа искуства и знаења и беа презентирани конкретни искуства кои ги имале докторите од самиот завод но и од други болници од Македонија, Србија и Словенија.

Две од интервенциите во рамки не едукативната работилница заедно со врвниот интервентен кардиолог Др. Ара Угурлуоглу изведе Др. Никола Бакрачески , а една Др. Дејан Манчески.

На панелот свои предавања имаа д-р Ара Угруоглу,  Проф. д-р. Славчо Тошев и д-р. Винко Боц  како и специјалистот радиолог  Ѕвонко Атанасов.

bak 1

Свои презентации за конкретни случаи од работното искуство покрај гостите имаа и докторите Дејан Манчески и Стојан Митрески кои се дел од тимот на ЈЗУ Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан.

Присутни во салата каде се следеа интервенциите беа повеќе доктори од останатите кардиолошки центри низ земјава, кои имаа ретка можност во ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан”  да добијат нови знаења од светски реномирани , но и од домашни врвни имиња и експерти од интервентната кардиологија.

bak 2

-Сметам дека во Република Македонија не се искористени сите опции за третман на овие заболувања и затоа наша цел беше со оваа работилница да се запознаат поголем дел од центрите во Македонија кои ја третираат оваа болест,  преку оваа работилница да дојдат до нови знаења и во иднина да размислуваат овие знаења да ги воведат во нивните матични установи од каде доаѓаат , а се со цел да имаме поадекватен третман на периферната артериска болест како кај нас во нашата установа, така и во другите центри низ  земјава – вели д-р Никола Бакрачески, кој беше и главен носител на активностите за организација на овој настан.

bak 4

Оваа едукативна работилница се изведуваше на две локации во самата болница, поконкретно  во салата за интервенции и конгресната сала на ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан”. Двете простории беа поврзани со видео врска во живо, а присутните во конгресната сала интервенциите ги следеа на видео бим, додека истовремено во живо можеа да комуницираат , да поставуваат прашања или да даваат сугестии кон докторите во интервентната сала која со помош на видео врските стана достапна за сите кои всушност физички не беа во неа.

ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” по втор пат организира ваква едукативна работилница применувајќи технички најсовремени методи на организирање на настаните, со што покрај во останатите области стана  лидер во Република Македонија и во организирање на вакви настани, по примерот на светските центри.

Публицитет.мк 

Посетеност: 344
Share
Previous Post

Најдобрите 10 во 2015 година

Next Post

DW: Закон по мерка на занаетчиите

Next Post

DW: Закон по мерка на занаетчиите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 344

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk