Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофази во близина на градот Луксор, а на нив се уште се видливи примероци од јаки бои.
Саркофазите се откриени во некрополата Асасиф која се наоѓа на западниот брег од реката Нил.
Според египетското министерство за антиквитети, ова откритие е едно од најголемите и најважните во последните неколку години.
Министерот за антиквитети објави дека археолозите откриле „древно индустриско подрачје“ во западната долина на Луксор на кое се наоѓаат „објекти за складирање и чистење на погребната опрема со многу керамика“.
Публицитет.мк