Висока е 22 метри ,а накитена е со неверојатни 518 000 светилки што треперат. Благодарение на тоа елката на Дејвид Ричардс влезе во Гинисовата книга на рекорди.
За соборувањето на Гинисовиот рекорд во китење елка се погрижи Дејвид Ричардс, адвокат од австралискиот град Камбера , кој елката ја накитил со помош на волонтери.
Ричардс секоја година се труди да направи необични празнични креации преку кои би собрал средства за хуманитарната организџација која се бори против синдромот на ненадејната смрт на новороденчињата.
Елката рекордерка била китена цел еден месец и украсувана е во неколку етапи , а на неа се поставени 518 838 лед светилки.
Претходниот рекорд го држеше Јапонија каде елката била украсена само со 347 280 млаи светили.
Публицитет.мк