Наш нов партнер во областа на маркетингот е фирмата ДООЕЛ „Антица“ од Охрид сопственост на Михајло Филев , еден од наследниците на тајната за изработка на оригинален Охридски бисер.
Ако сакате да ја слушнете тајната на изработката на бисерите кликнете подолу и до Вас ќе допре аудио материјалот снимен во далечната 1989 година во дуќанот на семејството Филеви со бабата на Михајло, Славка ,а во интервјуто своевремено емитувано на Радио Охрид и Втората програма на Радио Скопје го има – тогаш седумгодишниот Михајло кој пред микрофоните вети дека ќе ја продолжи семејната традиција.
Автор на емисијата: Милчо Јованоски
Слушнете !