Денеска во Скопје се одржа шестото издание на популарната трка на Водно, ПРВ ДО ВРВ, во која учествуваа неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
Познатиот охридски лик од кафе – терасата „Аквариус“ во Охрид келнерот Ермир Иса ја истрча планинската трка долга пет километри и условно речено го претставуваше и ги бранеше боите на АКВАРИУС.
Ермир вели дека ја сака атлетиката и дека повремено учествува на вакви атлетски натпревари.
Лани учестуваше на Меѓународниот Охридски маратон долг 30 километри, како и на манифестацијата „Охрид трчат“ на која и годинава е пријавен.
Публицитет.мк