Вредните ученици од V1 одделение заедно со учителката Ана Христовска , на часовите по ликовно образование и творештво ја внесоа есента во својата училница.
Изработија честитки со стихови за есента во кои покрај авторски стихови внесоа и лични украсни детали со мотиви од ова есенско шаренило.
Највпечатливи сепак беа есенските завеси од листови кои внимателно и со многу труд ги поставија на прозорите во училницата.
Оваа нивна досетливост ја разубави училницата и истата предизвика воодушевување и одобрување од страна на нивните соученици во училиштето.
Публицитет.мк