Грција не може да преживее без радикалниот отпис на долгови, а погрешната политика на штедење која за сметка на меѓународниот капитал ја форсираат Германија и „бирократите од Брисел“, мора да биде предупредување на Словенија и останатите помали членки на еврозоната дека може истото да им се случи, тврди угледниот словенечки економист Макс Тајникар.
„Политиката што ја нуди Европската комисија ја уништува Европа во корист на Германија, а на штета на земјите како што се Грција и Словенија“, наведува во деталната анализа во весник Дело под наслов „Европа повеќе ја нема, победи Германиј“, истакнува поранешниот министер за економија и професор на Економскиот факултет во Љубљана. поранешниот министер за економија и професор на Факултетот за економски науки во Љубљана. Германските медиуми веќе некое време ја користат Словенија како пример на Грција, во мерки за штедење и реформите на патот кон нов раст и излез од рецесија, но Тајникар оценува дека токму од таквите пофалби од германска страна Словенија треба да се чува.
Грците нема да го отплатат долгот со оваа политика на штедење
“Комично е денеска да се слуша толкувањето на премиерот Церар и министерот за финансии Мрамор дека сме подготвени на сите грќки сценарија, а се што сме направиле е дека ги усвоивме германските стереотипи за Грција, со што се прави историска штета на Европа“, пишува Тајникар.
„Тезата дека со политиката на штедење на Грците (која се покажа како неуспешна), можат да го отплатат својот долг е голема грешка, која ја повторуваат до неупатената јавност и политички „запалените“ европски лидери на кои им пречи левата ориентираност на грчката влада.
Ваквата политика на штедење и користи само на Германија
„Со сегашната политика на штедење, која и оди во корист само на Германија зад која стои меѓународен капитал, и користи само на оваа држава и на развиените членки на еврозоната, додека периферните членки со тек на времето ќе станат извознички на работна сила во Германија и северените земја, па така Европа повторно ќе се претвори во континент на гастербајтери, како што некогаш била“ – наведува Тајникар.
По Грција во еврозоната лесно може вишок да стане уште некоја членка на еврозоната, која ќе се најде во проблеми, па дури и Словенија.
„Ако на Европа во еврозоната не и треба Грција, може да се случи да не и треба ниту Словенија“, наведува словенечкиот економист.
Извор:Лидер.мк