Цените на златото на Comex берзата за суровини, паднаа на најниско ниво од 2010 година, а краткорочните прогнози покажуваат дека инвеститорите очекуваат дека падот ќе се продлабочи.
Златните прачки ја губат вредноста секој ден почнувајќи од јуни, со тоа што во петокот нивната цена изнесуваше 1.099 долари за унца.
„Нема сомнежи дека се гледаат големи поместувања, кога се работи за златото“, велат од фондот USAA Precious Metals & Minerals Fund San Antonio, додавајќи дека се повеќе паѓа ентузијазмот за златото.
Од Групацијата Goldman Sachs велат дека најлошото за златото допрва доаѓа, така што цените би можеле да паднат под 1.000 долари за унца, за прв пат од 2009 година. Во оваа прогноза се вклучуваат и од ABN Amro Bank NV и од Societe Generale AG, според чија прогноза овој пад ќе се оствари до декември годинава.
Извор:Лидер.мк