40. ТОРОНТО ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
Јубилејното 40. Издание на меѓународниот филмски фестивал во Торонто, се одржа во периодот од 10 до 20 септември.
Годинешното издание на фестивалот донесе уште две нови програми „Платформа“ и „Најмногу гледано“. Во програмата „Платформа“беа прикажани 12 филма кои се натпреваруваа за награда од 25000 долари . Жирито кое одлучуваше за наградата го сочинуваа режисерите Клер Дени, Џија Зан Ке и Агнешка Холанд.Тие одлучија наградата во оваа програма да му припадне на документарниот филм од Канада „Срце“ во режија на Ален Звиг.
Инаку главната награда на фестивалот е всушнот наградата која ја доделува публиката. Оваа година наградата му припадна на ирско канадскиот филм „ Соба“ на ирскиот режисер Лени Абрахамсон.Се работи за една клаустрофобична драма која се случува во една соба во која 5 години престојуваат една мајка и нејзиниот син.
Филмот беше прикажан во рамките на програмата „Специјални презентации“ во чии рамки беа прикажани дури 55 филмови меѓу кои и остварувања кои биле прикажани на некој од светските фестивали.
Наградата на публиката во рамкита на документарната програма му припадна на филмот „ Зима на огон:Борба за слобода на Украина“ кој преставува украинско-американско –британска копродукција.Во оваа конкуренција беа прикажани 30 документарни филмови.
Овој фестивал многумина го сметаат како прва станица на патот кон наградите Оскар.
63.САН СЕБАСТИЈАН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
Во саботата на 26 септември заврши 63 .издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан со доделување на наградите. Оваа година во трката по главната награда ЗЛАТНА ШКОЛКА, за која одлучуваше жири предводено од данската актерка Паприка Стен, се натпреваруваа 20 филмови .
Жирито ,едногласно одлучи главната награда да му припадне на филмот„Врапче “ кој преставува исландско-данско –хрватска копродукција .Режисер и сценарист на филмот е Рунар Рунарсон а една од главните улоги толкува Раде Шербеџија.Филмот преставува драма за едно 16 годишно момче и за неговиот живот со татко му кој живее во далечните предели на Вестфјорд.
Наградата „ Сребрена школка“ за најдобра режија му припадна на белгискиот режисер Јоахим Лафос за филмот „ Бели витези“ ,кој преставува белгиско – француска копродукција. Се работи за филм кој ја раскажува приказната за војната во Чад која освен несреќа и разорувања носи и стотици сираци.
Посебна награда од жирито доби француската режисерка Лусил Хаџихалиловиќ за нејзиниот филм „ Еволуција“ кој доби и награда за најдобар кинематографер.
На фестивалот во Сан Себастијан се доделуваат и награди за најдобра машка и женска улога. Така, наградата „ Сребрена школка“ за најдобра женска улога ја освои кубанската актерка Јорданка Аријоса за улогата во филмот „ Кралот на Хавана“ на режисерот Аугусти Виљаронга ,кој преставува копродукција на Шпанија и Домениканската Република.
Во машка конкуренција наградата им припадна на двајца актери кои всушност се и партнери во филмот „ Труман“ .Тоа се Рикардо Дарин и Хавиер Камара кои ги играат улогите на двајцата пријатели Хулиан и Томас и кучето на Хулијан ,Труман.
Наградата на публиката ја освои јапонскиот филм „ Нашата малечка сестра“ на режисерот Хироказу Коре Еда, кој беше прикажан на годинешниот Кански филмски фестивал а беше дел и од официјалната програма на годинешниот фестивал на филмската камера во Битола.
Наградата „Доностија“ за исклучителен придонес за светскиот филм оваа година и’ припадна на британската филмска и театарска актерка Емили Вотсон. Таа во својата богата кариера има реализирано повеќе филски остварувања во кои соработувала со врвни режисерски имиња како што се:Ларс Фон Трир,Тим Бартон, Алан Паркер, Џејмс Марш, Пол Томас Андерсон,Стивен Спилберг…Нејзе наградата ,која се доделува уште од 1986 година, на посебна свечаност и ’ ја врачи директорот на фестивалот Хосе Луис Ребординос.
36. ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“ БИТОЛА
Еден ден подоцна во Битола заврши годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал на филмска камера „ Браќа Манаки“ кој оваа година се одржа по 36 пат. Завршната вечер на фестивалот помина во знакот на доделување на бројни награди. Така, покрај главните награди на фестивалот Златната, Сребрената и Бронзената камера 300 , за која се натпреваруваа 13 филмови од главната програма, беа доделени и наградите од двете нововостановени програми „ СЕЕ камера “ и „ Нов европски филм“. Вечерта на наградите започна со доделувањето на наградите за животно дело „ Златна камера 300“ на преостанатите двајца годинешни добитници на ова високо признание: Божидар –Бота Николиќ и Јаромир Шофр. Наградата на кинематогреферот од Србија Бота Николиќ му ја врачи градоначалникот на Битола Владимир Талевски а на чешкиот кинематографер Шофр,Најџел Вотерс, претседателот на Светската федерација на кинематографери ИМАГО.
Жирито на официјалната програма на фестивалот предводено од претседателот Ришард Ленчевски, полски кинематографер кој беше третиот добитник на наградата за животно дело „ Златна камера 300“,одлучи Златната камера 300 за најдобар кинематографер на годинешното 36 издание на фестивалот да му припадне на унгарскиот кинематографер Матиас Ердели за она што тој со својата камера го сработи во филмот „ Синот на Саул“ во режија на Ласло Немеш.
Наградата „Сребрена камера 300“ му припадна на кинематограферот Адам Аркапо за неговата работа во филмот „ Магбет“ на режисерот Џастин Курцел.
„ Бронзената камера 300“ отиде во рацете на младиот кинематографер Матео Гузман за јужноамериканската копродукција , филмот „ Земја и сенка “ на режисерот Цезар Аугусто Акеведо.
Интересно е дека ниту еден од добитниците на главните годинешни награди не беше присутен на церемонијата при прогласувањето на наградите.
Жирито оваа година додели специјално признание за иранскиот филм „ Нахид“ кое му беше врачено на кинематограферот Мортеза Геиди од Иран кој беше гостин на годинешниот фестивал во Битола. Воедно, жирито го истакна и кинематограферскиот талент на Владан Радовиќ, за италјанскиот филм „ Црни души“ на режисерот Франческо Мунци.
Во новата програма „ Нов европски филм“ наградата „ Бона Деа“ за најдобар филм му припадна на исландскиот филм„ Овни“ на режисерот Гримур Хаконарсон, додека наградата за најдобар кинематографер ја освои Васко Виана за португалско-француската копродукција „ Планина“ во режија на Жаоа Салавиза.Виана преку видео порака се заблагодари на наградата која му ја додели жирито на оваа програма во состав Хатиџе Аслан од Турција,Јарин Хоровиц од Израел и Владан Петковиќ од Србија.Инаку филмот „ Планина “ е дебитантско дело и на режисерот Салавиза и на кинематограферот Виана.
Во ,истотака , новата програма „ СЕЕ камера“ наградата „ Златен Манаки“ за најдобар филм му припадна на турско- германскиот филм „ Сивас“ во режија на Каан Мујдеџи, додека наградата за најдобар кинематографер ја освои словенецот Милош Срдиќ за филмот „ Шумите се’ уште се зелени“ на режисерот Марко Набрешник.Жирито кое одлучуваше за овие награди го сочинуваа Диомидес Никита од Грција, Маја Богојевиќ од Црна Гора и Мирослав Момчиловиќ од Србија.
Наградата „Мала Златна камера 300“за најдобар краток филм ја доби Горан Наумовски за филмот „ Долу во рајот“.
36. издание на фестивалот во Битола ,оваа година траеше 10 ден . Според организаторите биле прикажани вкупно 215 филмови кои биле распределени во 13 програми и биле прикажувани во четири кино сали.Нив ги виделе околу 17500 посетители. Најголем интерес кај публиката имало за филмовите „Лазар“ на Светозар Рустовски, „Платен убиец„ на Дени Вилнев и „Магбет “ на режисерот Џастин Курцел.За споредба, минатата година таа бројка изнесувала 16000 гледачи, но тогаш фестивалот траеше шест дена.
Се разбира новото раководство ќе направи анализа на сето она што донесе годинешното издание на фестивалот и ќе направи стратегија за идната година.
Ѓоко Симјаноски/ Публицитет.мк