Денес, во раните утрински часови заврши годинешното 71. издание на феастивалот Сан Ремо кој оваа година се одржа од 2 до 6 .март во театарот Аристон ,без публика во салата заради пандемијата од корона вирусот.
Презентер на фестивалот оваа година беше познатиот водител Амадеус а него му помагаше Росарио Фиорело познат комичар, пејач, радио и тв водител.Во конкуренција беа вкупно 26 композиции кои беа исполнати од дебитанти, пеачи од помладата генерација и ветерани .
Победник на годинешниот фестивал е групата „Манескин“ од Рим со композицијата „ Молчи и добро“. Второто место го освои дуетот Франческа Мичилеин и Федез со песната „Повикај ме по име“ а третото Ермал Мета (по потекло од Албанија) со песната „ Милион работи да ти кажам“.
Победниците , групата „Манескин“ ќе ја преставуваат Италија на годинешна Песна на Евровизија.
Ѓ, Симјаноски, Публицитет.мк