• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„FIGURAE VENERIS HISTORIAE“ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ УТРЕВЕЧЕР ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

август 19, 2015
in Култура

 

Годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затворено со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, продукција на Словенечкиот национален драма театар од Љубљана.

Авторот на „Figurae veneris historiae“ Горан Стефановски за неговото дело вели дека сложениот наслов на драмата наслов крие многу проста порака, дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија.

  • Историјата не врти, гнечи на многу начини…Темите за теророт на историјата, за баналноста на злото, секојдневието што не притиска и не фаќа во стапицата на голо преживување, емоционална уцена, им ги соблекува гаќите на луѓето и многу често го свеува нашиот однос на вулгарни препукувања и на јазик на пцости…Во таквиот пеколен казан сите копнееме по човечки збор, по нежни допири, по поезија, истакна меѓу другото Стефановски.

Александар Поповски кој важи за еден од најоригиналните македонски режисери со креативен и забавен, но истовремено и многу сериозен пристап кон театарот, истакна дека утревечер фестивалската публика ќе може да гледа настап на еден од најдобрите ансамбли што постои на Балканот, прекрасен ансамбл што со неверојатна дисциплина, кондиција, смелост влегува во најразлични проекти.

  • Преку извртената приказна за војната, за човечкото, за природата во човекот во услови на константна војна, претставата зборува за недопирливото, за емитовните делчинња, суштината на човештината што останува во нас во такви воени виори…, рече Поповски на денешната прес-конференција.

Драматургот на претставата, Дарија Домингош, рече дека текстот дозволува на сите актери подеднакво да имаат учество во претставата, оти нема мали и големи во поставката, дозволувајќи секоја фигура да следи своја некаква развојна линија нис претставата.

  • Посебноста на претставата прозлегува од оригиналноста во пристапот кон темата – третирањето на историјата на војната, но не како некаква приказна од линијата на фронтот, туку историјата на човечките страдања, некаков интимен пристап кон темата, која е актуелна во секојдневието, сето испробано низ драмската поставка, истакна Домингош.

Актерката Саша Павчек која толкува улога на земјоделка во драмата, рече дека ликот низ текстот, низ претставата го гради преку куси, лапидарни реченици, без некакви емоции и оти само низ бројки ги прикажува солзите што ги исплакала во времето додека нејзиниот сопруг е на боиштето.

  • Обемните текстови доволуваат и помали грешки во почетокот, сето може да се корегира низ претставата. Тука тоа го нема, во оваа претстава има малку текст, куси сцени и мора од прво да се погоди во суштината на ликот, истакна таа.

Претставата „Figurae veneris historiae“ ќе се игра утревечер на сцената на Долни Сарај, со почеток од 21 часот. Претходно вечерва во рамки на „Охридско лето“ во Куќата на Уранија ќе биде промовирана и најновата книга на Горан Стефановски, четвртата збирка со негови драми.

Извор: Охридско лето 

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Кои вежби се погодни за тинејџерите?

Next Post

Промовирана е монографијата „50 години ОМУ МЕТОДИ ПАТЧЕ“ – Создадена е книга од спомени

Next Post

Промовирана е монографијата „50 години ОМУ МЕТОДИ ПАТЧЕ“ - Создадена е книга од спомени

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk